Бугарија од понеделник ја затвора границата со Македонија за превоз на цврсто гориво добиено од отпад, најави бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров.
Во Македонија во Парламентот е донесен закон за забрана на увоз на отпад кој може да се согорува и користи како гориво. Бугарија исто така ја затвора границата со нашиот западен сосед за внесување цврсто гориво од отпад“, ја пренесува бугарската ТВ Европа изјавата на Димитров.
Според него, од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Македонија кон Бугарија нема да се пренесува таков отпад.
Димитров најави дека дополнително ќе се занимава со прашањето за рециклирање на отпадот, бидејќи во моментов бил концентриран на отпадот за гориво. Тој кажал и дека Бугарија ќе го менува законот за управување со отпад.
Собранието на Македонија на 5. февруари ги изгласа измените на Законот за управување со отпад, со кој се забранува увоз на отпад кој би се користел како гориво.