Регион 19. февруари 2020. / 13:37

Бугарија ќе финансира проекти во Македонија и во 6 други држави

Бугарија ќе финансира проекти во Македонија и во 6 други држави

Владата на Бугарија одобри склучување договори за обезбедување финансиска помош за проекти за Србија, Украина, Молдавија, Северна Македонија, Ерменија, Виетнам и Косово.

Финансирањето е во вкупна вредност од 634.372 лева.

Парите се насочени за зголемен квалитет на образованието и гарантирање пристап во услови на мултикултурна средина во државите партнери. Проектите ќе помогнат и за разработување мерки за зголемени капацитети на малите и средни претпријатија, помагање на демократски процеси и изградба на активно цивилно општество преку фокус на активности на млади лица.