Регион 17. јули 2018. / 21:56

Будва: Швеѓани со потекло од Балканот претепале Норвежани (ВИДЕО)

Будва: Швеѓани со потекло од Балканот претепале Норвежани (ВИДЕО)

Полицијата од Будва уапсила шведски државјани, со потекло од Балканот, кои претепале норвешки туристи.

Како што наведува „Вијести“, на терен веднаш излегле инспектори и ги разгледале снимките од безбедносните камери. Уште истата вечер биле идентификувани напаѓачите.

Осомничените се наоѓаат во локалната полициска станица, а наскоро ќе бидат префрлени во которското обвинителство.

Погледнете ја снимката од тепачката: