Регион 27. ноември 2019. / 22:53

Бројот на загинатите во силните земјотреси што ја погодија Албанија се зголеми на 32

Бројот на загинатите во силните земјотреси што ја погодија Албанија се зголеми на 32

Бројот на загинатите во силните земјотреси што ја погодија Албанија се зголеми на 32, а повредени се 658 лица, пренесува Албаниан дејли њус.

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу рече дека здравствената состојба на осуммина повредени е сериозна.

Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна терапија.