Секогаш ќе има незадоволни, но ако можат да го изразат своето незадоволство, тогаш има демократија. Вака го коментираше синоќешното четврто Големо народно востание бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Синоќа по 87. пат во Софија се одржа протест против бугарската Влада, јави БГНЕС.
За денеска е најавено четвртото Големо народно востание на незадоволните граѓани, кои по 87-ми пат бараат оставки од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев, инсистираат на фер избори и техничка влада.
„Актуелните демократи, нивните родители, нè кршеа. Не можеше да се каже шега против бај Тошо (Тодор Живков). Апсеа за шега. Ја гледавте ли дебатата во САД, колку беше политичка, какви епитети си дадоа. Дури и по оваа дебата, се смирив дека и во Бугарија е нормално така да се навредуваат луѓето“, напиша Борисов на Фејсбук, пренесува БГНЕС.