Регион 01. декември 2019. / 17:36

Борисов: Се надеваме дека ќе ја видиме С. Македонија како во НАТО, така и во ЕУ

Борисов: Се надеваме дека ќе ја видиме С. Македонија како во НАТО, така и во ЕУ

Се надеваме дека ќе ја видиме Република С. Македонија, како во НАТО, така и во Европската Унија, и на тоа работиме сите, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС дека Бугарија помогнала за евроинтеграцијата на С.Макеоднија и за отстранување на нејзината меѓународна излолација.

Според Борисов, оценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како добиена највисока оценка од „Стандард и Пурс”. (Агенцијата „Стандард и Пурс” деновиве го подигна кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји).

– Тоа е да и помогнеме на една наша соседна држава, и самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација, затоа што направивме огромен напор за ова. Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски за тоа што го кажа – изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.