Регион

Борисов ја отвори Конференцијата за дијалог со Западен Балкан

Борисов ја отвори Конференцијата за дијалог со Западен Балкан

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска ја отвори конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: Создавање на подрачја на раст, безбедност и и поврзаност на патот кон Европа“, што се одржува во Националната палата на културата во Софија.

Конференцијата се одржува пред утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, а присуствуваат политичари и претставници на невладини организации од земјите од регионот и од Европска унија.

Главна тема е европската перспектива на земјите во регионот и начините за нивно поврзување.

Бугарија е домаќин на Самитот ЕУ – Западен Балкан на кој присуствуваат лидерите на 28 земји членки на ЕУ и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан.