Регион 27. октомври 2019. / 18:46

Борисов и Радев повикаа на голема излезност на локалните избори

Борисов и Радев повикаа на голема излезност на локалните избори

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по гласањето на локалните избори во Бугарија изјави денеска дека гласал за нови булевари, паркови, фонтани, модерни метро станици и нови инфраструктурни проекти во главниот град, јави БНТ.

Тој исто така додаде дека се надева на силен одзив во текот на изборниот ден.

– Луѓето сами одлучуваат за својата судбина. Денеска е голем празник за црквата и за демократијата. Што е подобро од тоа да одите и да го дадете својот глас на оние за кои мислите дека ќе ве водат добро. Тоа е највредно, рече Борисов по гласањето на избирачкото место во Софија.

Бугарскиот претседател Румен Радев исто така ги повика Бугарите да гласаат и да не дозволат никој да ја одредува нивната иднина.

– Само масовна излезност може да го спречи секој обид за манипулација со овие избори, рече Радев по гласањето.

Како што изјави тој, Софија треба да се развива како главен град на земјата, како град за добробит на сите граѓани, во кој се живее мирно и безбедно, во кој јавните средства се трошат транспарентно и ефикасно.