Премиерот Бојко Борисов и членовите на Владата донесоа одлука да подарат по 1.000 лева (500 евра) од своите плати за помош на социјално загрозените семејства за време на вонредната состојба. Сумата ќе биде префрлена на Фондот „Социјална заштита“ во кој ќе биде подготвена програма за помош во поделбата на пакети со прехранбени производи, соопштија од владината прес-служба, јавуваат бугарските медиуми.
До сега преку оперативната програма на Министерството за труд и социјална политика се поделени 241.395 пакети со најнеопходни продукти на 457.000 лица и нивни семејства. Тоа соодветствува на 6.000 тони храна. Со помошта на премиерот и на министрите ќе бидат помогнати уште блиѕу 300 семејства.