“Ако се случи војна, руските ракети се насочени кон Бугарија”, изјави премиерот Бојко Борисов пред bTV. Тој истакна дека на сите средби на НАТО – Русија се наведува како главна закана, заедно со Северна Кореја.
– Да не чува Господ и да нема војна. Затоа не дозволив да имаме Црноморската флота и претрпев многу забелешки од моите колеги во НАТО. Ако донесеме големи воени бродови во Црното Море, и подморници, на крајот се ќе зоврие. Ама ако започне војна, ќе се бориме на страната на НАТО – рече Борисов.
Во исто време, премиерот истакна дека Бугарија има голем интерес за руските туристи да дојдат во Бугарија, како и рускиот гас за да стигнат до идниот балкански гасен центар.
-Треба да се зборува за отстранување на санкциите против Русија- додаде Борисов.