Регион 05. јули 2018. / 09:07

Бизнис здружение од БиХ го прогласува Зоран Заев за „Европска Личност на Годината“

Бизнис здружение од БиХ го прогласува Зоран Заев за „Европска Личност на Годината“

Премиерот Заев денеска ќе ја прими наградата „Златна плакета – европска личност на годината“ од Агенцијата за избор нај менаџер на БиХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во работна посета на Сараево, каде ќе ја прими наградата „Златна плакета – европска личност на годината“ од Агенцијата за избор нај менаџер на БиХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.

На оваа  традиционална манифестација најавено е присуство на околу 500-тини бизнис лидери од БиХ, Европа и светот, претставници од науката и политиката, под покровителство на Претседателството на БиХ.