Полицискиот комесар во МВР на Босна, Мевлудин Халиловиќ потврди дека истрагата за убиството на двајца полицајци извршено пред седум дена, се уште трае и поради сложеноста на случајот побарана е помош од ФБИ.
Тој додаде дека 81 лице се криминалистички обработени, а моментално се вршат одредени вештачења во Ценарот за судска медицина.
Во сараевската населба Алипашино Поле, во близина на трговскиот центар „Бинго“, минатиот петок засега непознати сторители со рафален оган пукале во полициска патрола која ги затекнала во крадење на моторно возило, при што убиени се двајца полицајци.