Турската влада одлучи да донира воена опрема во вредност од околу 31 милион евра за засилување на подготвеноста на воените сили на Босна и Херцеговина.
Оваа одлука е озваничена со договорот потпишан меѓу владата на Турција и Советот на министри на БиХ, објави порталот, „Кликс.ба“. Услов во договорот е воената опрема да биде набавена од турската наменска индустрија.
Во договорот, што треба да биде потврден од парламентарното собрание на БиХ, се наведува дека дел од средствата може да бидат искористени во следните пет години, почнувајќи од датумот на известувањето од Уредот на военото аташе на Турција до Советот на министри на БиХ.
Услов во договорот е и тоа што БиХ не смее набавената опрема да ја отстапува или продава на трета страна.