Регион 08. ноември 2020. / 23:12

Балканските лидери ќе потпишат меморандум за соработка

Балканските лидери ќе потпишат меморандум за соработка

Во текот на утрешниот ден премиерите на Македонија, Србија и Албанија, во пристуство на Александар Вучиќ и министрите за здравство на овие држави ќе потпишат меморандум за соработка во услови на криза со глобалната пандемија Ковид-19.

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а во присуство на министрите за здравство, ќе одржат координативен состанок преку интернет видео врска. По состанокот, ќе потпишат меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на Ковид-19 кризата.

Премиерот Зоран Заев ќе биде и домаќин преку видео врска и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти. По потпишувањето на договорот ќе следат кратки обраќања на лидерите.