Каналот кој е специјализиран за следење на природните катастрофи објави аудио-снимка од земјотресот во Хрватска.
Јачината на земјотресот беше 6,2 6,2 степени според Рихтеровата скала, а зад себе остави пустош околу епицентарот, Петриња и Сисак. Досега е познато дека настрадаа седум лица, вклучително и деца.
Од вчера во 12.20 часот, кога Хрватска беше погодена од најсилниот земјотрес, следуваа уште најмалку 39, а утрово се случија два силни нешто после шест часот, со јачина од над 4 степени по Рихтер.
Аудио снимката од најсилниот земјотрес е објавено на каналот КАТњуз, а како што велат тие соработуваат со институтот ЦЕДИМ во Карлсруе, пренесува Индекс.хр.
Како звучеше разорниот земјотрес слушнете на следниот ЛИНК.