Земјотресите во Албанија не запираат ниту утринава, a aфтершоковите по силниот потрес од 6.4 степени по Рихтер, се уште го тресат тлото.
Неколку потреси од 3 и 2 степени се регистрирани во последните часови.
Тлото се тресеше и цела вечер, а потресите беа со јачина од 2 и 3 степени по Рихтер.
Во катастрофалниот земјотрес загинаа 22 лица, а 650 се повредени, додека има и неколку срушени објекти.