Регион 15. јули 2020. / 09:18

Аја Софија останува отворена за посетители кога во неа ќе нема молитви

Аја Софија останува отворена за посетители кога во неа ќе нема молитви

Некогашната базилика Аја Софија, за која Турција донесе одлука да биде претворена во џамија, ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да има молитви. Турските власти одлучија да ги остават во објектот и христијански симболи,  но тие ќе бидат отстранувани само за време на молитвите.

Државниот совет, највисокиот административен суд во Турција, во петокот донесе одлука во корист на групата која бараше да ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која Аја Софија е претворена во музеј, бидејќи се сомневаа во автентичноста на потписот на основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк на тој документ.

Веднаш по таа одлука, турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган најави претворање на Аја Софија во џамија. Првите заеднички муслимански молитви ќе бидат организирани на 24 јули.

Дирекцијата за верски работи соопшти денеска дека христијанските симболи „не претставуваат пречка за одржување молитви“.