Регион 10. август 2018. / 15:29

Агенција Анадолија: Грција крие терористи, одбива да и ги предаде на Турција

Агенција Анадолија: Грција крие терористи, одбива да и ги предаде на Турција
Во последните десет години Грција не одобрила ниту едно барање на Турција за екстрадиција на лица барани за врски со терористички организации, пишува турската новинска агенција „Анадолија“.

Според информации на Министерството за правда на Турција, во периодот од 2008 до 2018 година, турската страна упатила кон Атина барање за екстрадиција на 66 лица поврзани со терористички организации меѓу кои „Револуционерната народно-ослободителна партија- Фронт“ и „Курдската работничка партија“.

По спречувањето на обидот за преврат на 15 јули пред две години, Турција испратила во Грција список на учесници од организацијата на Фетулах Ѓулен, забележува турската државна агенција.

Судските органи во Грција, откако ги разгледале барањата не прифатиле ниту едно решение во корист на Турција, продолжува медиумот и посочува дека барањата за екстрадиција на 24 терористи се уште се разгледуваат по грчките судови.