Регион 29. декември 2020. / 15:29

12-годишно девојче прва жртва на земјотресот, засега 20-ина повредени

12-годишно девојче прва жртва на земјотресот, засега 20-ина повредени

Првата жртва на силниот земјотрес кој во 12:20 часот ја потресе Хрватска е 12-годишно девојче, врз кое паднало градежен шут. Веста за Н1 ја потврдил градоначалникот на Петриња, епицентарот на земјотресот со јачина 6.3 степени.

Како што претходно јави репортерот на „Јутарњи лист“, во лоша состојба е и нејзината мајка, која е во шок.

Двајца од 20-ина повредени во Петриња се во тешка состојба, велат првичните информации од Хрватска, а спасувачките екипи сè уште немаат точна бројка на повредени или загинати.