Македонија 07. септември 2019. / 15:59

Зошто Заев ја крие сумата на хонорарите на неговите соработници?

Зошто Заев ја крие сумата на хонорарите на неговите соработници?

Дали Зоран Заев сака да ја сокрие сумата на хонорарите од јавноста што ќе ги земаат неговите соработници?

Во новиот список за надворешни соработници на премиерот Зоран Заев сумата на хонорарите не е напишана.

Освен сумата на хонорарите изоставено во списокот е и до кога ќе им траат договорите.

Во новиот список за надворешни соработници ги нема професорот Мерсел Биљали, професорот Ванчо Узунов, новинарот Ѓорги Калајџиев, Митко Андреевски кој беше претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ, и професорот Александар Спасов, кој премина во кабинетот на претседателот Пендаровски.

На новата листа е останат Зијад Беќировиќ, како советник за економски прашања за соработка со земјите од регионот.

Беќировиќ, инаку е еден од директорите на ИФИМЕС, кој, исто така, е додаден во новиот список на надворешни соработници.