Македонија 16. јули 2018. / 13:22

Зоран Заев: Русија плаќа од 13.000 до 21.000 долари за насилни протести во Македонија

Зоран Заев: Русија плаќа од 13.000 до 21.000 долари за насилни протести во Македонија

Премиерот Зоран Заев, во интервјуто за еден од највлијателните портали во САД БАЗФИД, рече дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство“ пред клучниот референдум.

Македонскиот премиер вели дека одредени про-руски елементи се обидуваат да ја спречат земјата да влезе во НАТО така што плаќаат за насилни протести.

Странските сојузници на Русија плаќаат илјадници долари за да поттикнат насилство за да ја спречат Македонија да се приклучи кон НАТО, изјави македонскиот премиер за американскиот веб-сајт Базфид.

Зоран Заев рече дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонците суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство“ пред клучниот референдум што ќе се одржи подоцна годинава, на кој ќе се утврди дали балканската држава ќе може да му се приклучи на воениот сојуз.

Заев ги образложи овие обвинувања за време на интервјуто во Скопје, откако се вратил од самитот на НАТО во Брисел минатата недела, каде што Македонија официјално беше поканета да се приклучи кон членството во НАТО. Заев рече дека за време на самитот приватно побарал помош за референдумот од американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска треба да се состане со рускиот претседател Владимир Путин, поради сè почестите наводи дека руски агенти се обиделе да ја помогнат неговата претседателска кампања во 2016 година.

„Руските претставници што беа тука, а и други од Москва, не кријат дека се против нашата интеграција во НАТО“, рече Заев. „Дел од нив се поврзани со медиумите, дел од нив… ги поттикнуваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци… Многу е очигледно“.

„Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за блокирање на несоодветните активности што ќе се случуваат овде“. вети премиерот Заев во интервјуто за Базфид.

Заев рече дека за време на самитот на НАТО побарал од Трамп „да ѝ помогне на нашата држава да има успешен референдум, нашите граѓани да го имаат демократското право да ја искористат оваа можност да одлучат кон каква иднина ќе се движиме.“ Тој рече и дека Трамп би бил добредојден во Македонија за кампањата за време на референдумот.