Македонија 03. декември 2020. / 19:25

Зоран Заев: Преку извоз и легализација на канабис, до економски равој

Зоран Заев: Преку извоз и легализација на канабис, до економски равој

Во изјава за медиумите, премиерот Зоран Заев, изјави дека легализацијата и извозот на сушен цвет од канабис може да допринесе до развој на економијата.

-Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на законот за опојни дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да извезува покрај естрахирано масло и сушен цвет, зборуваме за извоз, проценката за 2021 е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.

Покрај извозот на сушен цвет, државата може и да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра.

-Отворена е можност да дебатираме сите во држвата, не брзаме никаде, цела 2021 година е пред нас, очекувам нашиот народ да оформи став по ова прашање исто како и сите институции, парламентот, владата, опозицијата, сите заедно да разговараме дали мислиме дека ставање во употреба на канабисот за рекреативни цели, за нешто коешто вчера видовме дека и Светската здравствена организација го пушти по светот, кое што покажува дека сме неколку чекори понапред дури и од СЗО. Во тој поглед може да го искористиме како акцелератор за развој на оние дејности кои не ни се доволно развиени, а тоа е пред се туризмот, угостителството и услужните дејности во државата, изјави Заев.

Тој објасни дека во моментов има 50 лиценци од државата издадени за производство на канабис.

-Секој што аплицира може да добие лиценца, огромен дел од тие проекти се веќе реализирани и имаат свое сопствено производство за закон кој е донесен за време на претходната власт 2014 година или 2015 и по тој закон се движиме, дополни Заев.