Македонија 09. декември 2018. / 13:42

Зоран Заев, експерт по унгарско право: Не е дозволено да се даде азил на осудено лице

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите во Лисабон – каде што се наоѓа на Конгресот на ПЕС – изјави дека Унгарија нема право да му даде азил на Никола Груевски, затоа што тој веже бил осуден од Македонија.

Заев беше категоричен и кажа дека е редно време Унгарија да го врати осудениот политичар.

-Ние сме многу изненадени. Но ни е многу пријатно, што сите европски земји, исто така се изненадени. Во Македонија една од„ најсериозните реформи се во областа на правдата. Целиот систем е под надзор на Европската комисија и Унија, а пресудата на Груевски е јасна во транспарентен процес. Унгарскиот азил за нас е навистина неприфатлив. Бидејќи ниту по еден закон, вклучувајќи ги и унгарските, не е дозволено да се дава азил, кога веќе има донесена пресуда. За мене е многу изненадувачки и непријатно што една европска земја го прави тоа. Се надеваме дека Унгарија ќе ја преиспита својата одлука и ќе одговори на нашите барања и ќе го врати Никола Груевски во земјава – кажа македонскиот премиер.

Инаку азилот е институт кој многу често се користи од демократските земји, за неправично осудени лица во недемократски земји. Така што, низ целиот свет има многу азиланти, кои добиле азил од западните земји токму поради тоа што во нивните матични земји биле неправично судени.

Неправичното судење за набавката на владиниот Мерцедес, беше главна причина поради која екс-премиерот Никола Груевски доби азил од властите во Унгарија. За потсетување, со набавката на ова возило не е констатирано оштетување на буџетот на Република Македонија, а истото сеуште се користи од Владата.