Македонија 08. април 2018. / 15:09

Зоран Заев: Администрацијата ми е катастрофа

Зоран Заев: Администрацијата ми е катастрофа

Состојбата со администрацијата не е лоша туку катастрофална оценува премиерот Заев во интервјуто за МИА.

Допревте многу важно прашање, што, исто така, е и моја преокупација. Јас за жал, можам слободно да кажам, продуктивноста на администрацијата е катастрофална. Значи не лоша, туку катастрофална. И точна е фразата, „клати врата – земај плата“, но јас би додал и „хихихи – хохохо, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, порталите да ги искоментираме…”, и толку е. А некој чека надвор. А од тоа негово чекање зависи дали тој административец ќе земе плата, додава Заев.