Македонија 20. март 2020. / 15:17

Значително е влошена состојбата на пациентката што е на машина за дишење

Значително е влошена состојбата на пациентката што е на машина за дишење

Пациентката од Дебар, што се наоѓаше на респираторна машина на Клиниката за инфективни болести, од доцна синоќа се наоѓа во значително влошена состојба.

Во доцните синоќешни часови навлезе во многу критична фаза. Се прават сите неопходни дополнителни активности за поддршка и дополнителна терапија за поддршка за сите органски системи, но нејзината ситуација е покритична од тоа што беше во изминатиот ден – изјави Филипче.

Министерот информира дека сите останати пациенти се во стабилна состојба со лесна до средна клиничка слика.