Македонија 25. јули 2019. / 15:31

Златко Ќурчиевски е новиот директор на РЕК Битола

Златко Ќурчиевски е новиот директор на РЕК Битола

Управниот Одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Златко Ќурчиевски за директор на РЕК Битола. Ќурчиевски на оваа позиција доаѓа од местото директор за производство во РЕК Битола.

Златко Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, каде досега извршувал повеќе одговорни функции.