Синоќешната престрелка во Мала Речица ги огорчи локалните жители. Тие зразуваат жалење за жртвата, но и револт дека во овој инцидент можел да настрада секој невин жител на селото.
Жителите велат дека овој случај не е прв, имало уште еден случај пред неколку години, кога било нападнато и седиштето на ДУИ, каде што имало многу жртви, а бил користен тежок арсенал на оружје, што ги изложило на ризик куќите и жителите кои живеат околу седиштето на ДУИ.
Овие случки, како што велат жителите на Мала Речица ја расипаа сликата за селото, ги загрозуваат животите на нејзините жители најчесто поради инциденти кои настанале во седиштето на ДУИ и ова населено место го трансформира во место небезбедно за живеење.