Македонија 28. февруари 2020. / 20:29

Жителите на Баир запалија оган на патот над Битола, сообраќајот во прекин

Жителите на Баир запалија оган на патот над Битола, сообраќајот во прекин

Граѓани од околината на населбата Баир со палење на оган поради исклучена струја го прекинаа сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, информира Автомотосојузот на Македонија.

-Прекин на сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, поточно над населба Баир, со палење на оган од страна на граѓаните од околината поради исклучена електрична енергија, се вели во соопштението на АМСМ.