ДУИ и кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери со брендиран автобус ќе ги посетува граѓаните низ Македонија во завршниот дел од кампањата за изборите на 15 јули.
Зибри истакна дека токму граѓаните одлучуваат кој ќе биде во владата, а не Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Зибери порача рече дека ДУИ не водела и нема да води црна кампања.
Уште една недела не дели од изборите. Ќе има изборен процес кој ќе трае три дена. Убеден сум дека ќе бидат преземени сите мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Ги повикувам граѓаните да ја искористат приликата и да гласаат за првиот премиер Албанц за да изградиме подобро општество за сите. Се заложив дека еден од приоритетите е да се справиме успешно со пандемијата, ветив неколку мерки, да се зајакнат капацитетите на здравствениот сектор, повисоки плати за здравствените работници. Веднаш ќе наредм од буџетот да гсе вартат сите долгови кон приватниот сектор за приватниот сектор да зајакне. Да се помогне туризмот, угостителството и придруижните дејности, да се израмни данокот на додадена вредност. Рамноправноста на граѓаните ќе биде врвен приоритет. Веднаш ќе предложам да се основа виш суд кој ќе ги елиминира сите тенденции за дискриминација. Секој граѓанин да се чувствува еднакво вреден. Барам поддршка на граѓаните за да ги оствариме нашите визии – изјави Зибери.
На новнарско прашање како ќе дејствуваат доколку ДУИ не биде вклучена во преговорите за влада, Зибери изјави дека во повеќепартиски систем волјата на граѓаните ја дефинира структурата на застапување на граѓаните во владата, а Уставот ќе детерминира кој ќе формира парламентарно мнозинство за новата Влада.