Македонија 25. септември 2019. / 20:16

Зендели од БЕСА: Аферата Рекет и наштети на СДСМ, намалена е довербата на граѓаните кон оваа партија

Зендели од БЕСА: Аферата Рекет и наштети на СДСМ, намалена е довербата на граѓаните кон оваа партија

„Аферата Рекет наштети на СДСМ, намалена е довербата на граѓаните кон оваа политичка партија“, рече пратеникот од движењето БЕСА Фадиљ Зендели на гостувањето во „10 МИНУТИ“.

Политичките партии излегуваат на избори за да дојдат на власт и тоа е легитимно. Тоа што се случува со македонската партија на власт, СДСМ и последната афера не му оди во прилог на овој субјект, каде граѓаните имаа надеж дека ќе биде субјект кој ќе гради демократски институции во земјава, а се гледа дека аферата Рекет и другите афери кои во последно време произлегоа од овој субјект ја намалија довербата кај граѓаните. Ние сме во Собранието и можеме да носиме закони за политички правни прашања, но над се е довербата на граѓаните кон институциите, вели Зендели.