Силен земјотрес рано утрово е почувствуван низ целата територија на Македонија.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, станува збор за земјотрес со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала почувствуван во 4:54 часот.
Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.