Македонија 30. април 2020. / 15:34

Земена крв од двајца оздравени за плазма, соопшти Филипче

Земена крв од двајца оздравени за плазма, соопшти Филипче

На денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче рече дека за прв пат денеска била екстрахирана крвна плазма на двајца пациенти оздравени од Ковид-19. Со ова, вели тој, се створени услови за почеток на терапија со крвна плазма од оздравени пациенти, за оние пациенти каде ќе се јави потреба од тоа.

Тој додаде дека од Комисијата за заразни болести се изготвени планови за функционирање на фабрики, јавен превоз и ќе бидат соопштени наскоро и сите планови за попуштање на мерките, но тоа ќе биде постепено за да нема масовни собирања

– Протоколите на Комисијата за заразни болести се подготвени, но сепак мора да се внимава. Ќе почекаме да видиме како ќе биде деновиве, но олабавувањето на мерките нема да значи и комплетно враќање во животот во нормала. Пак ќе треба да се носат заштитни маски и ќе мора да внимаваме, појасни Филипче.

Откри и дека има пет пати повеќе оздравени, отколку заболени лица и дека има повеќе оздравени отколку активни случаи, што е добра вест