Македонија 22. јули 2020. / 12:01

Зеколи: Супериористичкиот блеф на Заев пyкна како меур

Зеколи: Супериористичкиот блеф на Заев пyкна како меур

Аналитичарот Арсим Зеколи на Твитер откри дел од заткулисните игри кога станува збор за формирањето коалиција за составување влада.

„Кога ЗЗ замина на одмор (до Август), сдмовците рекоа дека тоа е чин на суперирност, на победник. По таа логика, прераното враќање треба да се разбере како акт на инфериорност, на губитник. Не би обрнал внимание на тоа да не беше вчерашната вест низ албанските портали.

Во која според познат и добро информиран алб новинар од Тетово, ЗЗ во последните неколку денови грчевито се обидувал да добие подршка од Тирана и Приштина за разубедување на АА. И му било пренесено дека не сакаат да се мешаат.

За потоа да се обиде со „добрите албанци“ блиски до СДСМ. Пропратено со молк од лидерите на партиите. Ни на тоа не би обрнал внимание, да не е напраситото агресивно обраќање на Поповски што веќе дава повод за размисла дека „супериористичкиот“ блеф на ЗЗ пукнал како меур“ – пишува Зеколи.