Ексамбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи прашува дали Албанија и Македонија се пред конфликт на највисоко ниво, објави Експрес.мк.
Тој јавно го поставува прашањето дали македонскиот премиер стои зад телефонските разговори кои му штетат на албанскиот премиер Еди Рама, а кои ги објави германскиот таблоид Билд.
-Случајност или меѓудржавен скандал: Дали Зоран Заев стои во позадината на бомбите за Еди Рама објавени во Билд? Сомнежите добиваат на тежина после денешната изјава на Катица Јанева, пишува доброинформираниот Зеколи.
Шефицата на СЈО денеска изјави дека не знае дали бомбите што за Али Ахмети ги објавуваат членовите на Кумановската група преку Ел Чеко се од списокот на разговори што ги поседува нејзината институција.