Мухамед Зеќири синоќа во дебатниот магазин „КликПлус“ на ТВ21 жестоко дебатираше со пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими.
На прашањето на водителот Фатмир Алиу, дали ќе останат во коалиција со ДУИ, Зеќири рече:
–Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!, рече вчеравечер Мухамед Зеќири во „КликПлус“ на ТВ21.