Македонија 19. ноември 2019. / 17:21

Зекири: СДСМ треба да престане да ја помага ДУИ

Зекири: СДСМ треба да престане да ја помага ДУИ

СДСМ да престане да ѝ помага на Демократската унија за интеграција, смета пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири. Тој во интервју за македонски Телеграф повторно го истакна неговиот став дека најголема грешка на неговата партија е коелицирањето со ДУИ но и големата помош која СДСМ му ја дала за време на локалните избори во 2017 година.

Зеќири вели дека благодарение на помошта која СДСМ му ја дала на ДУИ, тие победиле во најголемите четири-пет општини, кои се населени со мнозинско албанско население.

СДСМ не треба да продолжи да ја помага ДУИ. Тое е мој константен став. Овој став го имав и тогаш кога ги помогнавме, а според мене не требаше да им се помогне. Затао што Албанците што гласаа за СДСМ гласаа за да да ја казнат Демократската Унија за Интеграција. Во 20 16 година, албанскиот глас “за“ СДСМ беше за да се казни власта ВМРО-ДПМНЕ- ДУИ. Се постигна да се казни ВМРО-ДПМНЕ за политиките кои ги правеше но не и ДУИ. Работата остана на пола, поради бројките. Беше нужно зло да бидеме заедно со ДУИ. И мислам дека многу ни наштети во електоратот колицирањето со ДУИ, особено големата помош која му ја дадовме на ДУИ на локалните избори и нашето појавување во заедничка коалиција. Барем четири-пет општини, ДУИ ги има благодарение на гласовите од СДСМ. Тоа е општина Чаир, општина Дебар, Струга, Тетотво и ова е најголемата грешка, според мене, што сме ја направиле кон албанските гласачи кои дале поддршка на СДСМ. И мислам дека е крајно време да прекине нашата помош за еден субјект за кој мислам дека не ди претставува албанците онака како што треба, рече Зеќири.

Пратеникот на СДСМ децидно истакна дека е дојдено време овие избори и во Македонија да се случи тоа што се случи во Косово неодамнешните парламентарни избори, односно партиите излезени од војната, како штое ДУИ, да одат во опозиција.

Време е да се случи тоа што се случи во Косово. Партиите излезени од војната, е време да одат во опозиција и да им се даде можност на новите албански субјекти и кадри кои имаат капацитет подостоинствено да ги претставуваат Албанците во Македонија, истакна Мухамед Зеќири.