Македонија 29. јануари 2019. / 15:21

Зекири и Груби ќе ги избираат антикорупционерите

Зекири и Груби ќе ги избираат антикорупционерите

Пратениците на ДУИ и СДСМ – Артан Груби и Мухамед Зекири се предложени од владеачкото парламентарно мнозинство како членови на Изборниот комитет кој ќе треба да ја избере, односно да ја води постапката за новиот антикорупционерски состав во Комисијата за антикорупција, објави Фактор.

Од страна на опозицијата прифатени се предлозите тоа да бидат Зоран Илиовски и Владанка Авировиќ. Од страна на Владата се предлозите за Сабина Факиќ и Бесим Небиу. На предлог на стручната јавност е прифатен адвокатот Драги Целевски.