Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на социјалните мрежи ги обвини ДУИ за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.
–Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!…
Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???…
Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.
И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.П.С
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = … – напиша Зекири на социјалните мрежи.
Дали оваа изјава на Зекири најавува дека ДУИ и СДСМ нема да одат заедно на претседателските избори од партијата не се откриваат детали.