Македонија 07. февруари 2020. / 18:10

Здравковски: Наместо да бидат стимулирани, на талентираните ученици им бараат пари за да напредуваат

Здравковски: Наместо да бидат стимулирани, на талентираните ученици им бараат пари за да напредуваат

Наставникот и претседател на велешкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, обелоденува дека образовниот систем и Сојузот на математичари на Македонија им бара пари на талентираните ученици за тие да можат да учествуваат на натпревари по Математика, Физика, Биологија, Хемија, Природни науки итн…

Како што вели Здравковски, наместо истите тие ученици да бидат стимулирани на секој возможен начин да се негува и развива нивниот интерес за овие природни науки, од нив се бара пари за да можат да напредуваат.

Здравковски потенцира, дека тоа е една од причините што во Македонија има се помалку ученици што се запишуваат и се образуваат на техничките факултети и на ПМФ, а државата има недостаток на инженери во сите полиња.

Додека техничките факултети и ПМФ мака мачат со уписи на студенти, додека Македонија има огромен недостаток од инженери во сите полиња, образовниот систем и Сојузот на математичари на Македонија (СММ), бараат пари за учество на натпреварите по Математика, Физика, Биологија, Хемија, Природни науки итн…

Наместо да се стимулираат учениците, да се опремат училиштата со дидактички материјал и да се направат лаборатории во кои би се овозможила практична настава а со тоа и зголемување на интересот на учениците спрема овие природни науки, без да се земе во предвид фактот дека не секој солиден ученик има да плати за учество, единствен услов е плаќањето…
Срам и арам да Ви е!

И после ќе се прашувате зошто децата не се запишуваат на тие факултети и зошто немаме кадри а оние што ги има бегаат? – Одговорот е во Вашите нечовечки постапки!

Јас како наставник ќе платам за учество на моите ученици кои ќе учествуваат на натпреварот по математика, бидејќи како човек се срамам од системот… – вели Здравковски.