Збогум Македонија, добредојде „Северна“. Пратениците одлучија да се пристапи кон измена на Уставот со цел измена на уставното име.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, ја донесе одлуката за пристапот кон измени на Уставот на Република Македонија.
Гласаа „ЗА“ вкупно 80 пратеници од 117 присутни.
ВМРО-ДПМНЕ, соглсно Деловникот, побара поединечно изјаснување за гласањето.
Службите по барањето пристапија и пратениците усно се изјаснија кој како гласал.
По поединечното изјаснување се потврди претходното гласање.
Според математиката, власта имаше обезбедено 71 пратеник, па се потруди уште 9 пратеници да придобие на нивна страна.