Македонија

Заврши средбата Заев-Ципрас

Заврши средбата Заев-Ципрас

Заврши средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се одржа на маргините на Самитот ЕУ-Западен-Балкан денеска во Софија.

Ова е втора тат-а-тет средба меѓу двајцата премиери, по обновувањето на преговорите за решавање на спорот за името, а на неа се очекуваше двајцата премиери да се обидат да ги приближат ставовите за спорните прашања, јави известувачот на МИА од Софија.

Според грчките медиуми, Ципрас ќе има прес-конференција околу три часот по локално време.

Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името. Последните изјави, и од македонската и од грчката страна, сепак, се проткаени со воздржаност дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор за името.