Македонија 24. мај 2018. / 23:14

Заврши средбата меѓу министрите и медијаторот – преговорите продолжуваат утре

Заврши средбата меѓу министрите и медијаторот – преговорите продолжуваат утре

По шест часа разговори заврши средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Денеска преговарачите нема да дадат изјави за медиумите, туку тоа ќе го остават за утре, пишува Фокус.

Преговорите продолжуваат и во текот на утрешниот ден, иако Коѕијас претходно изјави дека е можно да се преговара само еден ден.

Министрите и медијаторот Метју Нимиц ја почнаа средбата во 10.30 часот по њујоршко време. Во 13.30 часот имаа пауза за ручек, по што продолжија со разговорите.

Од македонското МНР најавуваат дека изјавите ќе следат по рундата преговори која ќе се одржи утре.