Македонија 11. ноември 2020. / 17:45

Затворена градинка во Битола поради случаи на Ковид-19 кај вработени

Затворена градинка во Битола поради случаи на Ковид-19 кај вработени
фото: илустрација

Во изолација се 23 деца откако две воспитувачки од градинка во Битола се позитивни на корона вирус.

Се чекаат и резултатите од тестот на негувателката која доколку излезе позитивна, уште шест деца ќе се изолираат или вкупно 29.

Во друга градинка во Битола има воспитувачка и негувателка кои имаат покачена телесна температура, за кои се закажани тестови, а децата од нивните групи се вратени дома. Другите воспитни групи во градинката „Славејче“ продолжуваат со работа.

Овие две градинки се под надлежност на централната „Мајски цвет“. Ова не се први случаи на коронавирус меѓу вработени во битолски градинки. Во градинката „Коца Василева“ во септември во два наврата беа изолирани вкупно 18 деца и шест вработени поради тоа што во првиот случај имаше позитивна негувателка, а во вториот случај воспитувачка.

Директорката на „Мајски цвет“ Тодоровска вели дека во градинките доследно се почитуваат протоколите, а лицата се заразуваат надвор, а не во градинките.