Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска, членовите на Извршниот комитет на партијата, Трајко Славевски и Тони Михајлосвки, ексградоначалникот Коце Трајановски, како и поранешниот министер за правда Михајло Маневски.
Пред почетокот на состанокот тие одбија да дадат коментар во врска со актуелните несогласувања во партијата, кои станаа сè поизразени по гласањето на уставните измени. Затуроска само кусо порача дека нема поделби во партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тема на вечерашниот Централен комитет се актуелните политички случувања.