Започна протестот пред Собрание против промена на уставното име на Република Македонија.
Со патриотски песни, транспаренти и македонски знамиња граѓаните пристигнуваат за да го искажат својот револт од доворот за името со Грција.
Пред Собранието има засилено полициско обезбедување.
Протестот е во организација на „Млади за Македонија“, а е поддржан од повеќе други граѓански организации.