Владата денеска со почеток во 17.30 часот, ќе одржи седница за состојбата со корона-кризата во Македонија.
Како што информираат од Владината прес-служба, седницата ќе биде одржана преку видео-конференциска врска, а за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.