На денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев изјави дека на граѓаните ќе им биде дозволено да ги прослават новогодишните празници во своите викендици, но треба да бидат одговорни и да не се групираат, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
– Ако остане во рамките на своето семејство, иако закупи вила во Маврово, Берово или било каде, тоа е како домот. Прашањето е да не се групираат. Ние не ги ограничуваме граѓаните да празнуваат, туку одговорно да празнуваат. Ова е шанса да си го поминеме празникот со домашните, но не значи дека некој ако има куќа во село дека не може да оди, изјави Заев.
Заев рече дека тој ќе остане во својот дом и ќе ги прослави празниците со своето семејство, велејќи дека сака да биде пример за граѓаните.