Македонија 12. февруари 2021. / 13:46

Заев за противкандидатот Јовановски за лидерско место во СДСМ: Жалам што се одлучил за ваков чекор, не знам дали го ажурирал членството

Заев за противкандидатот Јовановски за лидерско место во СДСМ: Жалам што се одлучил за ваков чекор, не знам дали го ажурирал членството

Пред малку заврши граѓанскиот судскиот процес во кој премиерот Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета. Николоски изјави дека Заев е врвот на пирамидата во случајот Рекет, по што премиерот го тужи.

По процесот изјава даде и лидерот на владејчката партија Зоран Заев пред судот.

– Зоран Заев е човекот кој го пријави овој случај во Јавното обвинителство и почна постапката на повикување на сведоци и донесувачи на материјали со кои се потврдува дека постои ваков доказ. Ова е првпат во државата премиер да пријави ваков случај на основи на индиции и сознанија коишто постојат и драго ми е што случајот е расветлен, вели Заев.

Заев одговори на повеќе прашања од новинарите, а едно од нив беше и како Заев би го искоментирал доказот на Николоски околу изјавата на Боки 13 парите да се бараат кај Зоран и Вице Заеви. За ова Заев го објасни својот став.

– Прво треба да си направи реевиденција да биде член, после тоа да има најмалку 5 години членство во СДСМ и може да си собере членство на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе застане зад Бојан Јовановски и автоматски да направат пресврт на власта која ја најавува, рече Заев по денешното судење.

Тој додаде дека правдата во државата фунцкионира, а овој процес го покажал тоа.

– Бојан Јовановски е таков каков што е, жалам што наседнале луѓе на неговиот карактер но истовремено преку такви постапки и процеси се провери дека правосудниот систем во државата функционира, нагласи Заев.