Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во коментар за пишувањето на весникот „Ла Верита“ кој го обвини за изборни нерегуларности, изјави дека тогашната власт немала докази, затоа што во спротивно тој би бил осуден.
– Ако имале какви било докази, верувајте дека со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година, Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт, поради тоа што немаше докази – вели Заев.