Македонија 22. јуни 2020. / 14:59

Заев: За објавените снимки треба да си каже Ден Дончев

Заев: За објавените снимки треба да си каже Ден Дончев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека ги гледал снимките на кои е снимен поранештниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, при што посочи дека за што и да е поврзано со снимките треба да објасни Дончев.

Прво во недостиг на програма, во недостиг на концепт, ВМРО-ДПМНЕ манипулирало во минатото, манипулира сега и ќе манипулира во иднината со лажни вести кои апсолутно граѓаните знаат и да ги насетат. Снимката ја видов и ќе го прашате Ден Дончев да ви каже каде е таа снимка. Втората работа ја слушнав и во аудио разговорот кој е објавен. Едно што знам, секако ќе дадам одговор откога ќе разговарам и со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој се спомнува внатре, кој е мој адвокат, многу често
ангажиран и од СДСМ, имало во предмет со Тотал ТВ, каде меѓу себе сопственици воделе пријави до полиција и слично и полицијата постапувала со Тотал ТВ. Но, секако ќе си каже и Ден Дончев, не би навлегувал во вакви лажни, манипулациски пуштања на снимки – изјави Заев.